Скопскиот алтернативен бенд кој комбинира повеќе различни ритми и инструментални музички жанрови не изненадија со нов сингл што ќе се најде на новиот студиски албум. Музиката, текстот и аранжманот се дело на самите тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии.
„По периодот кој наложи потреба за слобода во медиумскиот етер, имајќи ја во обзир сериозноста на новораширениот вирус, конечно етерот и ние сме спремни да ги споделиме нашите лични искуства од периодот од последните две години. Со тоа сакаме да им понудиме свежина на нашите досегашни, а воедно и идни слушатели, музи и оние кои ја споделуваат страста за музика, ум и чекорите напред. Посветено на сите кои немаа избор и оние кои се борат силно за животот на другите. Продолжуваме да пренесуваме надеж преку реките на неизвесноста, иднината е секој ден!“, изјавија од Funk Shui по излегувањето на синглот.