Осум месеци откако Били Ејлиш премиерно ја претстави својата четириминутна балада за најновото продолжение на легендарниот Џејмс Бонд ‘No Time to Die’ – чија премиера беше одложена поради Ковид-19 пандемијата - пејачката конечно го претстави официјалното видео за истата.
Визуелното издание, во режија на Даниел Клајнман, ја претставува изведбата на Ејлиш заедно со снимките од режисерот на ‘No Time to Die’ Кери Џоџи Фукунага, што притоа го означува и последното појавување на Даниел Крејг во улогата на Џејмс Бонд. Ејлиш е најмладата уметница која на само 18 години има напишано и снимено песна за серијалот филмови „Џејмс Бонд“.
„Чувството е лудо да се биде дел од овој филм во секој поглед. Можноста и честа што ја добив за тематската песна на филм кој е дел од ваков легендарен серијал е огромна!“
Нејзиниот брат и соработник Финиас додава дека пишувањето на тематската песна за филмот Бонд е нешто што сонувале да го направат цел живот.
„Нема поголемо иконично спојување на музичка и филмска уметност од ова! Ние се чувствуваме толку среќни што имаме мал придонес во ваква легендарна франшиза, да живее 007!“
Режисерот на филмот, Фукунага изјави дека е голем обожавател на музиката што ја создаваат Били Ејлиш и нејзиниот брат.
„Нивниот креативен интегритет и талент се неверојатни“, вели тој.
Погледнете го видеото за темата на 25тиот Џејмс Бонд филм - „No time to die“ („Нема време за умирање“):