Ако не сте запознаени со новата рок-ера на Мајли Сајрус, овој видеозапис одлично ќе ви го долови нејзиниот нов стил. Во новата песна насловена „Prisoner“ таа соработува со Дуа Липа во спој од нивните стилови – музички, и модни.
Tие го промовираа видеото на своите Инстаграм профили, каде на обожавателите им доловија моменти зад сцената од снимањето на спотот.
„Prisoner“ е втор сингл од новиот албум на Мајли – „Plastic Hearts“ по хит-песната „Midnight Sky“. „Plastic Hearts“ имаше промоција на 27 ноември и со овие два хит синглови, сигурно ќе биде еден од најуспешните албуми во кариерата на Мајли Сајрус.