Почетокот на есента го стартуваа со вистински хит, кој полека, но сигурно, одлично е прифатен од страна на публиката. Станува збор за младите момци од „Дупер“, скопско талентирано музичко дуо во состав Борис Какуринов на гитара и клавијатурa и Илчо Нечовски – вокал и бас гитара.
По неколкумесечна пауза се враќаат на музичката сцена со уште една феноменална нумера „Единствен начин“, за која снимија и видеоспот промовиран на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб.
Како автори на музиката, текстот и аранжманот се потпишуваат самите Борис и Илчо, додека снимање, микс и мастер се направени во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев. Видеозаписот, пак, го изработи „Frozen Time Drops“.
Ќе се „заразите“ од прво слушање, а ветувањето е дека не застануваат тука, односно многу наскоро ќе продолжат со нови авторски проекти.
Погледнете и слушнете: