Korica.mk - Нова онлајн продавница за книги

Вторник, 20 Јули 2021 23:38

Книжевната сцена во Македонија добива уште едно онлајн катче каде читателите на едно место ќе можат да ги најдат нивните омилени книги од популарните и големите издавачки куќи во државата. Корица е нова онлајн книжарница каде само со неколку кликови купувачот може да купи книги од различни жарнови, автори и издавачки куќи по поволни цени.

На интернет страницата korica.mk, купувачите и љубителите на книги можат да пребаруваат различни категории и жанрови или да ги побараат омилените автори и наслови, а потоа лесно, едноставно и безбедно да ги нарачаат книгите и за кус временски период да ги очекуваат доставени до нивниот дом. Најдобрата страна од онлајн купувањето книги е тоа што неколку кликови ве делат од омилените книги, а притоа не мора да излезете од вашиот дом.

Дополнително, со сметка над 1000 денари доставата до вашиот дом е бесплатна, а при првата нарачка добивате и 20% попуст.

На Korica.mk можете да ги најдете најновите книги и бестселери, а меѓу нив и вашите омилени жарови како драма, романса, историја, трилер, мистерија, психологија, детски книги, книги за здравје и исхрана.