Том Харди го игра следниот Џејмс Бонд во 2021 година!

Понеделник, 21 Септември 2020 22:00

Според најавите Том Харди е следниот Џејмс Бонд кој ќе го замени Даниел Крег. Најновите вести укажуваат на тоа дека Том Харди (43) ќе ја игра улогата на Џејмс Бонд како следниот 007 година по „ No Time to Die“ во ноември, и иако веста не е официјално потврдена, неколку извори го препишуваат доцнењето на објавата тoкму поради Ковид-19 пандемијатa.

Даниел Крег како Џејмс Бонд

Харди е еден од бројните актери за кои претходно се шпекулираше дека ќе го играат следниот Бонд, вклучувајќи ги и Том Хидлстон, Идрис Елба и Ричард Меден.

Уште во 2018 година, Пирс Броснан, кој го играше Бонд помеѓу 1994 и 2005 година, за Дејли Меил изјавил дека верува дека Харди може добро да го глуми британскиот шпион.

Пирс Броснан како Џејмс Бонд

Продолжението на овој филмски серијал започнува со одмор на Џејмс Бонд во Јамајка каде шпионот се пензионира и ужива мирен живот. Меѓутоа, неговиот мир брзо се нарушува кога еден стар пријател од ЦИА  ќе се појави барајќи помош.

Во 2015 година, Харди го глумеше Лудиот Макс во обновувањето на франшизата на Џорџ Милер - Mad Max: Fury Road (2015). Тој исто така се здоби со награда BIFA за неговото претставување на близнаците Рони и Реџи  Креј, во „Legend“ (2015). Притоа, добива и номинација за Оскар за Најдобра споредна машка улога за улогата на Џон Фицџералд во „The Revenant“ (2015). Харди исто така глумеше во серијалот „Peaky Blinders“ (2013), заедно со Силијан Марфи и во телевизиската серија „Таboo“ (2017) и двете создадени од Стивен Најт.

Новиот Бонд филм треба да се појави во киносалите во Британија на 12 ноември, откако беше преместен првичниот датум на прикажување во април, поради глобалната пандемија.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 15:15 - Имаш големи шанси кај неа