Тајните детали зад култните Холивудски ликови

Сабота, 05 Декември 2020 10:00

Секој успешен филмски проект или серија не е само приказна која има експозиција, туку и темелно осмислени заплети, емотивно трогателни ликови, извонредна работа со камера и постпродукција на визуелни ефекти, високо квалитетна глума и се разбира, костуми, кои понекогаш кријат многу интригантни детали. Она што ние го гледаме како готов продукт за забава спакуван во 2 часа, позади себе крие долга и макотрпна работа на голема екипа професионалци. Овој пат се заинтересиравме за случувањата позади кулисите, и во какви се ситуации можат да се најдат филмските работници.

Скарлет О’Хара, Gone with the Wind

Филмот Gone with the Wind стана класика во светот на кинематографијата не само благодарение на неговиот заплет, туку и поради дизајнерите на костуми. Сите беа направени да изгледаат убаво и реално - костимографите зедоа предвид специфични детали од историската епоха и ги отелотворија на екранот.

Постоел само еден проблем зад сцената кога станувало збор за костимите: борбата на режисерите со телото на главната актерка Вивиен Ли. Горните делови на сите нејзини фустани (особено на темно црвениот) не беа доволно исполнети. На крајот, дизајнерот на костуми, Волтер Планкет, реши да и ги залепи и подигне градите со леплива лента за да им даде поголем волумен, а фустаните да добијат поубав визуелен приказ.

Ксена: Warrior Princess

Оклопниот костум на Ксена стана еден од најпрепознатливите во светот. Секако, оваа облека е далеку од историската реалност на која се повикуваше серијата. Фокусот беше префрлен на природната убавина на актерката.

Постојат многу знаци скриени во костумите на принцезата воин. На пример, ако погледнете поблиску до коженото здолниште на Ксена, ќе забележите мал метален триаголник веднаш под нејзиниот папок. Обликот „V“ што го прави може да симболизира различни аспекти на женската моќ - на пример, може да се однесува на „Valkyrie“, женска фигура од нордиската митологија, па дури и Венера, што обично е претставена во контраст со машкиот Марс.

Eleven, Stranger Things

Во третата сезона на серијата Stranger Things, Eleven (Единаесет) оди во трговскиот центар каде Макс ѝ помага да го смени изгледот. Креаторите на серијата намерно одлучиле да одат на ваква кардинална промена.

Како прво, модата драстично се менува во средината на 80-тите (на пример, сите почнаа да носат многу светли бои), и оваа реалност некако требало да се рефлектира со дејствијата во сериијата. Второ, до третата сезона, самиот лик конечно се навикнува на своите нови моќи, учи да ги контролира и се чувствува посигурно. И новиот изглед што Макс ѝ помогна да го избере совршено ја отсликува оваа новостекната самодоверба.

Покрај тоа, животот на Eleven започна повеќе да личи на живот на просечна тинејџерка - таа беше посвоена од Хопер и започна врска со Мајк. Овој период и промена биле потребни да се прикажат со помош на костимите. Затоа, наместо да носи партали и стари работи, Eleven, исто како и другите девојки, почнува да носи трендовски парчиња облека.

Кларис Старлинг, Ханибал

Исто како и во првиот филм, The Silence of the Lambs, Кларис и д-р Лектор остануваат заложници на модата: Лектор се обидува да изгледa софистицирано, додека Старлинг намерно ги одбива модните трендови.

Женственоста на Кларис не е намерно прикажана во филмот - таа е облечена во алишта кои не ја истакнуваат нејзината фигура, удобни блузи, широки јакни и панталони кои во никој случај не ја истакнуваат нејзината убавина.

Обидете се да се потсетите на крајот на филмот: Лектор ѝ подари чевли и фустан на Кларис. Чевлите се од познат бренд, што е јасна референца за првиот дел од филмот каде што докторот ја исмеваше младата Старлинг за нејзините ефтини чевли.

Клер Андервуд, House of Cards

Сите растечки амбиции на ликот се манифестираат не само во нејзините постапки, туку и во промената на гардеробата.

На пример, во првите 2 сезони, Клер носи скромни алишта и во основа не се истакнува многу на екранот. Но, колку што е поблиску до својот сон, нејзината гардероба станува построга. Последната сезона се состои исклучиво од костими што ги носат најмоќните луѓе во светот.

Исто така, обрнете внимание на бојата на нејзината облека - колку е Клер поблиску до постигнување на целта, толку повеќе носи темно сина боја. Темно сината боја се нарекува и претседателска боја. Се верува дека оваа нијанса ја пренесува сериозноста на намерите на една личност.

Луси Рикардо, I Love Lucy

I Love Lucy е една од најстарите ситкоми во историјата на телевизијата. Се прикажуваше од 1951 до 1957 година. Уште повеќе, некои медиуми ја нарекуваат оваа серија најдобро ТВ-шоу на сите времиња.

Ликот претставувал вистински трендсетер меѓу сите американски домаќинки од 50-тите години на минатиот век. Луси активно експериментирала не само со секојдневни изгледи, туку и со креациите на високата мода, па дури и делумно влијаела на модата од реалниот живот. На пример, во една од епизодите, таа носи фустан направен од вреќа за компири - една година подоцна, славниот шпански дизајнер, Кристобал Баленсијага, на својата модна ревија покажува широк фустан кој навистина наликува на изгледот на Луси и веднаш ги освоил срцата на дамите од високото општество.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака