Наградите „Еми“ се американски телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите.
Овогодишната церемонија е официјално закажана за 20-ти септември, иако засега не се знае точниот начин на доделување на наградите. Пандемијата на коронавирус ги заплетка плановите на организаторите, па останува да видиме дали настанот ќе биде со присуство на публика како досега, или можеби виртуелен.
Годинава водител на 72-то доделување на наградите со директен пренос на BBC, ќе биде познатиот комичар и водител Jimmy Kimmel, кој е воедно и извршен продуцент.
Најмногу причини за радост од сите мрежи има Netflix со рекордни 160 номинации за емисии или актери, меѓу кои Stranger Things, Tiger King, Unbelievable и еврејската сага Unorthodox, веднаш пред HBO со 107 номинации.
Суперхеројската драма Watchmen во продукција на телевизијата HBO со 26 номинации e предводник на листата на номинирани.
Најголемо изненадување е Zendaya, 23-годишната sвезда на тинејџерската драма „Euphoria“.
„Оваа година сведочиме на една од наголемите борби за социјална правда во историјата. И наша должност е да го користиме овој медиум за промена“, изјави Frank Scherma, претседател и генерален директор на Телевизиската академија на почетокот на виртуелната презентација на номинациите.
Целосната листа со номинирани по категории, погледнете ја овде.