Најпријателската кујна на светот 15 години подоцна

Сабота, 22 Август 2020 10:00

Популарната американска серија „Пријатели“ одбележа една деценија.

Генерациите ја следеа и се смееја на авантурите на веселата шесторка. Рос, Чендлер, Џои, Моника, Фиби и Рејчел беа sвездите на оваа серија, секој од нив даде свој посебен придонес за целокупниот впечаток. Луди, секогаш насмеани, изгубени во просторот и времето, минуваа низ разни животни ситуации, а и ние со нив. Денес ќе погледнеме во познатата кујна на Моника од малку поинаков, минијатурен агол.

„Пријатели“„Пријатели“

Познатата кујна каде што се собира екипата, позната на сите од опсесијата на Моника со перфекционизам и чистота. Еден уметник си задал интересна задача. Одлучил да создаде минијатурна верзија на оваа кујна, користејќи исклучиво рециклирана хартија и акрилни бои. Работата што тој ја заврши е неверојатна.

„Пријатели“„Пријатели“„Пријатели“

Користејќи скалпер и линијар, и потпирајќи се на искуството стекнато на часови по уметност на кое присуствувал неколку години порано, тој создал сценски простор идентичен со филмскиот сет. Имајќи само неколку фотографии пред него на кои се гледа изгледот на познатата кујна на Моника, тој ги презентираше сите елементи во неа со одлични детали и живописно, вклучувајќи дури и завеси на прозорецот и мали чаши за кафе.

„Пријатели“„Пријатели“„Пријатели“

Боите се идентични со оригиналната варијанта, како и со распоредот во кујната, единствено што недостасува се  ликовите на „Пријателите“, што може да биде нов предизвик за младиот уметник.

„Пријатели“„Пријатели“„Пријатели“

Комичната серија престана да се снима во 2004 година, а во 2018 година беше најгледана на Нетфликс.