Најекстремните трансформации на актерите за улоги во филм

Понеделник, 23 Ноември 2020 21:00

Работата на актерот зад сцената може да биде полна со неочекувани изненадувања. И покрај тоа што многу визуелни ефекти можат да се додадат со компјутерска графика, ништо не заменува вистински, автентичен изглед. За да создадат најдобро искуство за нас, нашите омилени актери понекогаш мораат да преземат неверојатно тешки предизвици.

Вака овие актери ги трансформираа своите тела за специфични филмски улоги. Некои од нив можеби ви делуваат навистина неверојатно, додека други може максимално да ве мотивираат. Но, сигурни сме дека ниту една од овие приказни нема да ве остави рамнодушни!

Џеред Лето – „Chapter 27“

За да го глуми Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Џон Ленон, Џеред Лето конзумирал сладолед, многу сладолед! Лето го ставал сладоледот во микробранова печка за да го растопи, а потоа додавал маслиново масло заедно со соја сос. После сите подготовки, тој ја пиел мешавината во една голтка. Звучи навистина одвратно, но ова било единствениот начин да внесе голема количина на калории во еден оброк. Тој изјавил дека за да се здебели толку многу му било потешко отколку да гладува за други улоги кои барале драстична трансформација од него, но во сосема спротивната насока.

Колин Фарел – „The Lobster“

За својата улога, ирскиот актер се здебелил 22 килограми за 2 месеци. Тој престанал да вежба и да прави какво било движење, замолувајќи ја неговата сестра да го вози наоколу. Тој исто така го сменил и начинот на исхрана и внесувал околу 4.000 калории по оброк. „2 чизбургери, помфрит и кока-кола со 2 парчиња чоколадна торта во 10 часот наутро не е толку забавно!“, се сеќава Фарел.

Кристијан Бејл – „American Hustle“

Кристијан Бејл е познат по своите незамисливи трансформации за различни улоги. Тој може лесно да премине од многу слаб изнемоштен лик, до човек со над 120 килограми. За својата улога во American Hustle, тој од 90 килограми, дошол до 120 килограми и си дозволил да јаде брза храна колку што сака. „Јадев многу крофни, многу чизбургери и што и да ми се најдеше пред очи. Буквално јадев сé што ќе видев!“ - сподели актерот.

Шарлиз Терон – „Monster“

Шарлиз Терон - „Monster“

Таа се здебели 30 килограми за да ја игра сериската убијка Ајлин Вуорнос. И процесот воопшто не ѝ беше лесен бидејќи се натера да консумира многу преработена храна и шеќер. Чувала макарони и сирење покрај својот кревет, па дури и си поставила аларми среде ноќ за да стане и да  јаде. „Се будев и јадев сред ноќ, само сакав да се заврши овој напор што побргу!“, изјави таа. Таквата нездрава диета влијаела на нејзиното расположение и актерката се чувствувала многу депресивно.

Мет Дејмон – „The Informant!“

Мет Дејмон всушност уживал во процесот на дебелеење. За неговата улога во „The Informant!“, тој воопшто не се ограничил во однос на изборот на храна. „Дефинитивно лесно се здебелив. Почнав да јадам како луд и да пијам темно пиво. Помеѓу оброците на сетот, би јадел оброк од Мекдоналдс, а потоа и Доритос. Беше апсолутно фантастично“, споделува актерот.

Бредли Купер – „American Sniper“

За да го глуми специјалецот Крис Кајл, Бредли Купер морал да работи со личен тренер. Имал само 10 недели за зголемување на својата телесна тежина на 20 килограми мускулна маса. Купер тренирал двапати на ден - неговиот прв тренинг започнувал во 5 часот наутро, а вториот, доцна попладне. Најтешкиот дел за него бил кога тренерот му кажал дека треба да се храни двапати на ден со над 5000 калории. Тоа било вистински шок за неговото тело, бидејќи Бредли морал да јаде на секои 55 минути.

Ема Стоун – „Battle of the Sexes“

Ситната Ема Стоун требала да го трансформира своето тело слично на танчерка за да изгледа екстремно способна да ја игра Били Џин Кинг. За да накачи околу 15 килограми мускулна маса, Ема направила околу 3 месеци интензивен тренинг со тегови и вежбала од 3 до 5 пати неделно.

Хилари Свонк – „Million Dollar Baby“

Хилари Свонк немала воопшто милост кон самата себе додека тренирала за оваа улога. Прво, таа тренирала 2,5 часа бокс и 1,5 до 2 часа кревање тегови секој ден, 6 дена во неделата. Имала оброци на секои 1,5 час и консумирала 210 грама протеини дневно. „Со секој оброк ги пиев белките бидејќи никогаш не можев да јадам од 8 до 12 белки наеднаш. Тоа е нешто најлошо!“, вели актерката. За да го остави нејзиното тело да се одмори по толку тежок тренинг, таа спиела 9 часа, но се будела ноќта за да пие протеински шејкови. Како резултат, таа доби 20 килограми мускулна маса за само 90 дена!

Метју Меконахи – „Dallas Buyers Club“

Dallas Buyers Club

Дејството во „Dallas Buyers Club“ се одвива во 1985 година и ја раскажува вистинската приказна за Рон Вудруф (Метју Меконахи). Рон е човек заболен од ХИВ/СИДА на кого докторите му прогнозираат уште 30 дена живот. Со одличната глума во „Dallas Buyers Club“, тој заслужено го доби својот прв Оскар за Најдобар актер во 2014 година.

Никол Кидман – „The Hours“

Никол Кидман – „The Hours“

Во 2002 година ја играше Вирџинија Вулф во „The Hours“ кои конечно и обезбедија Оскар за најдобра актерка (и покрај тоа што се појавува во филмот само 28 минути). Кидман има вештачки лажен нос во текот на снимањето на филмот, со што нејзиниот изглед е доведен до непрепознавање.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 10:10 - Се сакате двајцата