Најавени римејк филмови кои се очекува да бидат подобри од оригиналот

Четврток, 05 Ноември 2020 17:15

Големите филмски студија и познати режисери продолжуваат да прават преработки на класичните приказни. Можеби тоа е поради недостаток на идеи или можеби тие се едноставно носталгични и сакаат да ги вратат старите оригинали во живот. Но, без оглед на причината, можеме да уживаме во супер-успешните римејкови како The Departed и Scarface, а она што следува во кино салите кога станува збор за преработка на филмските класици се најде на нашата листа.

Dune

Dune

Романот на Френклин Патрик Херберт Jуниор веќе беше адаптиран на големото платно од генијалниот режисер  Дејвид Линч. Но, за жал, и покрај некои добри критики, режисерот верува дека овој филм бил неговиот најлош неуспех. Во Dune ја видовме дебитантската улога на Кајл Меклахлан, но филмот беше преполн и со други sвезди како Стинг, Патрик Стјуарт, Шон Јанг и Макс фон Сидоу.

Денис Вилнев работи на нова верзија на овој филм. Тој веќе сними добро продолжение на Blade Runner и се надеваме дека и овој пат ќе биде исто толку успешен. Улогата на Пол Атреидс ќе ја портретира младата sвезда, Тимотеј Шаламе. Остатокот од екипата е исто така импресивна и ги вклучува Стелан Скарсгард, Ребека Фергусон, Оскар Ајзак и Зендаја.

Cruella

Cruella

101 Далматинец е приказна за кученцата и застрашувачката Круела де Вил, која се прослави благодарение на цртаниот филм на Дизни. Филмот беше објавен во 90-тите години, а главниот негативец беше портретиран од глумицата Глен Клоуз.

Круела ќе биде претходник на приказната што сите ја знаеме. Филмот ќе се одвива во Лондон, далеку пред приказната за 101 далматинец. И во овој филм, заплетот ќе се фокусира околу негативецот, портретиран од Ема Стоун.

The Witches

The Witches

Филмот од 1990 година The Witches во кој главната улога ја толкуваше Анџелика Хјустон, беше екранизација на романот на Роалд Дал. Ова е приказна за вештерки кои живеат меѓу нас и ги мразат сите деца. И главниот лик, 7-годишно момче, мора да се бори против нив.

30 години подоцна, треба да биде објавена римејк верзија на оваа фантастична семејна комедија. Роберт Земекис во улога на режисер, а Ен Хатавеј во главната улога на Ева Ернст.

Ratched

Ratched

Ова е ТВ-емисија што веќе можете да ја видите на малите екрани. Ratched е претходница на иконскиот филм, One Flew Over the Cuckoo’s Nest. Продуцентот на серијата, Рајан Марфи, вели: „До крајот на првата сезона, нема да се прашувате како и зошто Милдред стана таква како што стана“.

Batman

Batman

Бетмен е еден од најпопуларните суперхерои во филмовите, а тој бил на големото платно околу 50 пати. Него го играа Адам Вест, Мајкл Китон, Џорџ Клуни, Бен Афлек и Кристијан Бејл.

Во 2021 година, Мет Ривс ќе објави нов филм за Бетмен со Роберт Патинсон во главната улога. Приказната се врти околу убиството на градоначалникот на Готам и неколку криминални банди.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: ЗМИЈА

Цагери

Следен цагер

Цагери Среда - 11:11 - Другар му те свиѓа