Лејди Гага во нов акционен филм заедно со Бред Пит

Понеделник, 30 Ноември 2020 10:00

Ако Бредли Купер беше „Eдинствено лице во соба од 100 кое верува во Лејди Гага“, тогаш режисерот Дејвид Лејч е вториот. Лејди Гага потпиша договор за претстојниот акционен/трилер филм на Лејч насловен „Bullet Train“, во кој исто така ќе глуми и Бред Пит. Дејвид Лејч е најпознат по неговите филмови „Atomic Blonde“, „V for Vendetta„, „John Wick“ и уште неколку класични холивудски акциони франшизи. Остатокот од потврдената екипа е Мајкл Шенон, Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Зази Битс и Брајан Тајри Хенри. Мајкл Шенон е двократен добитник на „Оскар“.

Филм

Филмот е заснован на романот на јапонскиот писател Котаро Исака - Maria Beetle, а дејствието се одвива околу петмина атентатори што се наоѓаат во истиот брз воз од Токио до Мориока, кои откриваат дека нивните мисии се повеќе поврзани и испреплетени отколку што изгледаат. Во моментов не е објавен англиски превод на книгата. Потврдено е дека Бред ќе глуми платен убиец со прекар „Бубамара“, додека сеуште не е познато дали Гага ќе игра еден од атентаторите, но извори блиски до филмската екипа навестуваат дека нејзината улога ќе биде помала, но значајна. Лејди Гага ја освои наградата „Златен глобус“ во 2016 година за нејзината главна улога во „American Horror Story“.

Без разлика која улога ќе и припадне на Гага, според актерските способности кои ги прикажа во музичката драма „Sвездата е родена“, добитник на „Оскар“ во 2018 година, таа нема во никој случај да ја разочара својата публика. Останува да го погледнеме филмот чие прикажување на големиот екран сепак треба да го почекаме, затоа што снимањето започна пред само неколку денови - за да процениме сами како Гага ќе ја изнесе новата акциона улога.