Улогата на Catwoman (или Жена-мачка), позната и како Селина Кајл нејзиното алтер его, е подеднакво смртоносна и шик. Веројатно најпознатото портретирање на оваа улога е од страна на извонредната Мишел Фајфер во „Враќањето на Бетмен“ во 1992 година. Кој може да го заборави спектакуларниот костум на Фајфер, дизајниран од Мери Вогт и Боб Рингвуд!?
Оттогаш, многу актерки се втурнаа во различни верзии на кожената униформа, а последна што го стори тоа е Зои Кравиц. Таа е позната на јавноста по серијата „Големи мали лаги“ („Big Little Lies“) на HBO и како ќерка на познатиот рок музичар Лени Кравиц. Актерката ја игра улогата на Catwoman во филмот Бетмен во 2022 година во режија на Мет Ривс, заедно со Роберт Патинсон во главна улога. Oва не е прв пат за Зои да ја глуми оваа улога. Пред да ја добие улогата конкурентки и биле Ела Балинска, Елза Гонзалес, Ана де Армас и други. Претходно улогата на жената-мачка ја играа Ен Хатавеј, Хали Бери и Мишел Фајфер.
Кравиц е забележана во својот костим, како снима сцена за филмот во Велика Британија. Таа имаше заводлив стајлинг кој се состои од сјајно кожено палто, високи чизми со врвки, па дури и соодветна шапка за да го финализира изгледот. Костимографијата за овој интересен лик е во навистина добри раце, повеќенаградуваната Џаклин Дуран е дизајнерка на костуми во филмот. Засега ни останува само трпеливо да почекаме да ги видиме и останатите неверојатните креации до премиерата закажана за јуни 2021 година.