Имаме нова Netflix хит серија „Vis a Vis“

Петок, 12 Јуни 2020 17:17

Шпанската ТВ серија „Vis a Vis“ стана многу популарна. Првата сезона од серијата се емитуваше на 20 април 2015 година. Серијата беше во продукција на Globomedia, Antena 3 и Fox Spain. Fox Spain на 6 јули 2017 година објави дека серијата ќе ја добие својата трета сезона поради големата популарност, која премиера на 23 април 2018 година. Емитувањето на четвртата сезона започна на 3 декември 2019 година. Четвртата сезона требаше да биде последната сезона од оваа серија. Сите епизоди досега се снимени во Шпанија, вкупно 40.

Заплетот на серијата го следи ликот на Macarena Ferreiro (ја игра Maggie Civantos) која се вљубува во нејзиниот шеф. Има голем скандал, Макарена е обвинета за даночни злосторства и наскоро завршува во затворот Cruz del Sur. Потоа таа минува низ затворскиот живот кој станува многу тежок предизвик. Серијата го прикажува животот во женски затвор на многу реален начин.

Vis a Vis

Улоги во серија:

  • Maggie Civantos како Macarena Ferreiro Molina
  • Najwa Nimri како Zulema Zahir
  • Carlos Hipolito како Leopoldo Ferreiro Lobo
  • Roberto Enriquez како Fabio Martínez León
  • Cristina Plazas како Miranda Aguirre Senén
  • Berta Vázquez како Estefanía Kabila Silva “Rizos”
  • Alba Flores како Saray Vargas de Jesús

Неодамна - на 20 април 2020 година премиерно беше прикажана првата епизода-спин-оф (продолжение на серијата), наречена Vis a vis: El oasis. После неколку години грабеж на накит продавници, банки и казина, двете главни актерки Macarena и Zulema решија да се разделат.

Препорака: Серија што навистина треба да ја гледате.

Vis a Vis

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 23:23 - Се опива за тебе