Фановите среќни – Пристигна долгоочекуваниот трејлер за најновиот филм со Анџелина Џоли

Четврток, 08 Април 2021 19:00

Холивудската убавица, Анџелина Џоли, подолго време беше отсутна од филмското платно, посветувајќи се повеќе на режисерската работа.

Овој пат, таа ја има главната улога во „Those Who Wish Me Dead“, за кого веќе пристигна и официјалниот трејлер. 

ЏолиЏоли

Приказната во филмот е инспирирана од истоимениот роман на Мајкл Корита и следи 14-годишно момче кое било сведок на брутално убиство и се обидува да избега од група убијци. Главната актерка, во улогата на Хана, се обидува да го заштити исплашениот тинејџер.

Премиерата на филмот е закажана за 14 мај на платформата HBO Max и во кино-салите, во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата.