„Емили во Париз“ – нова Нетфликс серија од креаторите на „Сексот и градот“

Сабота, 10 Октомври 2020 10:00

Што се случува кога тимови од „Сексот и градот“ и „Ѓаволот носи Прада“ ги здружат силите во Париз?

Емили во ПаризЕмили во Париз

„Емили во Париз“ е адутот на Нетфликс за кој критичарите предвидуваат дека ќе биде новата хит серија која ќе ја обележи оваа есен. Создадена од креаторката на „Сексот и градот“ - Дарен Стар, главната улога ја игра Лили Колинс која глуми извршен директор за маркетинг во САД, испратен од нејзината компанија да ја обнови канцеларијата во француската престолнина. Но, како новодојдена Американка во Париз, Емили мора да го надмине културниот шок. Има за цел да ги придобие своите нови колеги, да се дружи со нови пријатели и да доживее нови романси.

Емили во ПаризЕмили во Париз

Но, ако големиот број на слики од папараци фотографите кои се појавија на снимањето во Париз се било каква индикација, костимографијата е таа што може да се назначи како вистинска ѕвезда на ова шоу. Патриша Филд, која го водеше дизајнот на костуми за „Сексот и градот“ и „Ѓаволот носи Прада“ е поставена на чело на одделот за костуми и во оваа серија. А тоа особено не радува.

Емили во ПаризЕмили во Париз

Серијата која се состои од 10 епизоди, кои траат по 30тина минути започна со емитување на Нетфликс на 2ри октомври. Серијата е снимена пред Ковид-19 пандемијата, целосно на локации во Франција.

„Emily in Paris“ „Emily in Paris“

Ликот на Емили го глуми преслатката ќерка на славниот музичар Фил Колинс, Лили Колинс која ја предводи актерската екипа во главната улога, каде и се придружуваат ѕвездата на Бродвеј - Ешли Паркер, Кејт Валш од серијата Грејс Анатоми и ред други француски глумици.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) on

Во продолжение погледнете го трејлерот и припремете се за едно модно патување кое ќе ви го одземе здивот:

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 15:15 - Имаш големи шанси кај неа