Џони Деп ја напушта актерската екипа од франшизата „Фантастични Ѕверки“. Деп го глумеше мрачниот волшебник Гелерт Гринделвалд во првите две филмски адаптации на Џ.К. Роулинг серијалот кој временски му претходи на филмот Хари Потер.
Тој објави на Инстаграм во петокот дека студиото зад „Фантастични Ѕверки“, Ворнер Брос, побарало негова оставка. „Ворнер Брос од мене побараа оставка од мојата улога како Гринделвалд во „Фантастични Ѕверки“, го испочитував нивното барање и се согласив на тој чекор.“
Веста доаѓа неколку дена откако актерот го загуби главниот случај на клевета во Велика Британија против таблоидното издание „Сан“, кој објави напис во 2018 година за односот на Деп со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во написот, таблоидот тврдеше дека Деп бил „тепач на жени“. Во случајот што се заврши во британскиот суд во понеделникот, судијата утврди дека она што „Сан“ го објави е суштински точно и дека 12 од 14те обвинувања на Херд за епизоди на физички напад можат да се поддржат.
Во своето писмо, Деп исто така напиша: „Надреалната пресуда на судот во Велика Британија нема да ја промени мојата борба за да ја докажам вистината и потврдувам дека планирам да се жалам. Мојата решителност останува силна и имам намера да докажам дека обвинувањата против мене се лажни. Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани поради овој момент“.
Со писмена изјава, портпаролот на Ворнер Брос изјави: "Џони Деп ќе ја напушти франшизата „Фантастични Ѕверки“. Му благодариме на Џони за неговата досегашна работа во филмовите. „Фантастични Ѕверки 3“ во моментов е во продукција и улогата на Гелерт Гринделвалд ќе биде повторно избрана“.
Следниот дел од франшизата „Фантастични Ѕверки“ првично беше закажана за објавување следниот ноември. Сепак, портпаролот на Ворнер Брос изјавил дека студиото го одложило прикажувањето на филмот до летото 2022 година.