Изненадувачки причини за кои се расправаат голем број парови

Четврток, 24 Декември 2020 20:10

Најверојатно би помислите дека тоа е неискреност, неверство или нешто слично.

Но, се покажа дека дури и парите или љубомората не котираат толку високо во обемот на работите за кои најчесто се расправаат современите парови. Вистина е дека љубовните врски често знаат да бидат бурни. Тие вклучуваат многу компромис и разговор. Понекогаш работите одат во погрешна насока и врската се распаѓа, па се случуваат и разводи.

Врски

Она што е неверојатно е причината поради која паровите најмногу се расправаат во денешно време. Според најновите истражувања, најконтроверзната тема меѓу партнерите се однесува на одлуката за вечера! Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од 50% од паровите знаат дека ќе следи расправија кога ќе се постави прашањето - што сакаш за вечера? Овој тип на проблем се повеќе доаѓа до израз во последно време од причина што голем број парови многу често порачуваат храна за достава до дома. Наместо да се олесни оваа одлука, се чини дека поголемиот избор на храна преку Интернет создава поголем проблем.

За да биде ситуацијата уште попроблематична, паровите се расправаат за тоа кој ќе подготви јадење кога ќе се врати од работа, како и за тоа колку храна треба да се купи воопшто и дали станува збор за исплатлива инвестиција. Случајот, од друга страна, не е поедноставен ни со луѓето кои не се во постојана врска (или брак). Повеќе од 60% од испитаниците изјавиле дека би се согласиле да одат на вечера исклучиво со личност која има сличен вкус за храна како нив. А, дури 17% рекле дека би ја прекинале врската со личност која има сосема различни преференции во исхраната во споредба со нив, дури и да станува збор за милионер!

Каде е всушност проблемот во целата приказна?

Сличен вкус кога станува збор за храната, прави да се чувствуваме поврзани. Бидејќи храната е важен дел од животот на секој од нас, важно е не само што јадете, туку и кога и колку, и секако со кого. Кога две лица делат сличен вкус кога станува збор за храната, нивниот живот е далеку поедноставен и посладок. Тогаш имате можност да се изненадите едни со други со нешто што сте сигурни дека би му се допаднало на партнерот. Заедничките оброци во текот на денот, во кои уживате двајцата, ви даваат можност да разговарате и да го надоместите времето што го поминувате одделно.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 11:11 - Наскоро ќе бидете заедно