Тoа е многу непријатна ситуација - кога машкото никогаш не пишува прв, но секогаш со радост одговара на вашите пораки. Зошто го прави ова?
Не е сигурен во вашите чувства
Мажите се многу внимателни со своето срце, особено ако претходно било повредено. Можеби му влевате страв: тој не е сигурен дека можете да му верувате. Тој не е сигурен во вашите намери и чувства кон него, па затоа пишува само кога му пишувате. Навистина, во овој случај, тој сигурно знае дека сакате да разговарате.
Премногу луѓе му пишуваат
Може да има уште 20 луѓе на располагање за муабет. Тој едвај има време да им одговори на сите и затоа не започнува прв разговор.
Не сака да ве навреди
Всушност, тој не сака никаква врска со вас - дури ни допишување. Но, тој исто така не сака да ве навреди - затоа одговара трпеливо и учтиво. Ова е еден од знаците на човекот кој изгубил интерес. Сте налетале на господин, кој е засрамен да и пише на една млада дама: „Остави ме сам, те молам“.
Сака да задржи дистанца
Можеби има друга девојка во неговото срце. Можеби се уште не одлучил што сака. Во секој случај, повеќе не би ги брзал работите, туку ви дозволува вам да го одредите нивниот тек.
Не сака да смени ништо
Едноставно му одговара видот на односот што го имате. Има девојка (вие) која презема иницијатива и дава внимание. Тоа е многу убаво. Зошто би променил нешто?
Не му се допаѓате многу
Му се допаѓате, интересно му е и пријатно да комуницира со вас. Но, не доволно за тој да започне разговор самостојно. Значи, едноставно одговара учтиво на вашите пораки.
Само е срамежлив
Се уште има срамежливи мажи кои се плашат да покажат иницијатива.