Spice Girls се спремаат за огромна светска турнеја во 2021 година за да ја одбележат 25-годишнината на групата. Тие ќе настапат во Америка, Европа и Австралија, а со тоа ќе направат и филм за нивната годишнина.
Викторија Бекам најверојатно ќе одбие да учествува и покрај тоа што минатата година заработила повеќе пари од групата, отколку од нејзината модна куќа.
Обединувањето на групата во 2019-та година донесе неверојатниот успех, но се чини дека ова ќе биде последен пат групата да достигне таков успех со оглед на нивните години.
Минатогодишната турнеја за повторно обединување продаде 700.000 билети и оствари профит од 200 милиони фунти.