Често сме сведоци на импресивни реплики на фотографии или портрети на познати личности од светот на славните кои изгледаат навистина импресивно. Сепак, има малку што се прават со обичен молив. Се смета дека тој, обичниот молив, е неблагодарно средство за работа и не може верно да ја прикаже реалноста. Проблем претставуваат разни карактеристики на лицето, бори, длабочина на видот.
Често може да се слушне дека цртежите со моливи, колку и да се добри, никогаш не можат целосно да ја рефлектираат реалноста. Бразилката Sheila R. Giovanni од Bebedouro, São Paulo е доказ дека можат. Нејзината вештина се рефлектира во многу прецизни и вешти портрет цртежи на познати личности, каде дури и највештото око не може да ја разликува нејзината работа од оригиналната фотографија. Покрај исклучителниот талент и огромна посветеност на работата, тоа што најмногу ја инспирира е човековата природа со сета своја совршеност и маани.
View this post on Instagram
Користејќи само дрвен молив и боички во своето создавање, им покажа на сите кои се сомневаат во овој начин на цртање, дека грешат. Ваквите детални, убедливи и импресивни дела и донесоа на оваа млада уметница над 250.000 следбеници на Инстаграм. Погледнете сами како изгледа кога фотографии од познати личности оживуваат благодарение на потезите на обичен молив.
View this post on Instagram