Американската пејачка и актерка Мајли Сајрус го прославува својот 28-ми роденден. Таа имаше низа бурни години во животот. Најпрво остана без дом, откако беше уништен од пожарите кои беснееја низ Калифорнија, потоа требаше да се соочи со смртта на нејзината баба со која била исклучително блиска и поврзана. Како тоа да не беше доволно, следеше развод од сопругот Лијам Хемсворд после 8 месеци брак. Се чини лошата карма заврши со одвикнувањето од разни зависности и пороци.
Конечно пејачката има причини за славење. На повидок е нов албум, а тука е и роденденот. Мајли со своите 116 милиони следбеници на Инстаграм сподели досега необјавени домашни видеа од периодот на нејзиното детство. На овој начин таа им се заблагодарува на обожавателите кои ја поддржуваат и бодрат сите овие години. Вети дека дополнително ќе ги почести со нова музика.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ние го искористивме роденденот за да се потсетиме на некои од најдобрите модни изданија на Мајли низ годините: